Германија ќе го поддржи „Северен тек-2“ само со транзит преку Украина

Германија ќе се согласи со изградба на „Северен тек-2“ само ако биде гарантирана испораката на гас во Источна Европа, изјави потпретседателот на германската влада Зигмар Габриел по посетата на Полска.

„Реализацијата на проектот „Северен тек-2“ ќе биде возможна само со задржување на цевководот „Јамал“ и транзитот преку Украина по 2019 година“, изјави Габриел. Тој додаде дека за тоа е веќе разговарано со Русија.

Полска и Германија, како што нагласи Габриел, не гледаат на ист начин на улогата на Русија во проектот „Северен тек-2“.

За Германија тоа е прашање на бизнис, а за Полска - политичко прашање, рече Габриел.

Потпретседателот на полската влада Матеуш Моравецки рече дека Полска е загрижена за безбедноста на испораките на гас, додека Германија се занимава со зголемување на капацитетот на „Северен тек“.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во декември дека со реализацијата на проектот „Северен тек-2“ Украина не би требало да ја загуби улогата на транзитер на гас, пренесува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња