Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака да разговара со претседателот на РФ Владимир Путин по инцидентот со рускиот авион, пренесува РИА „Новости“.
Претходно МНР Турција изјави дека авион Су-34 на ВКС РФ го нарушил воздушниот простор на Турција во петокот во 11:46 часот. Аташето за печат на амбасадата на РФ во Анкара Игор Митјаков потврди за РИА „Новости“ дека рускиот амбасадор разговарал со претставници на турското МНР, меѓутоа не откри детали за разговорот.
„Вчера се случи нарушување на нашиот воздушен простор од страна на руски авион. Таквите неодговорни чекори, во кои гледаме ескалација на кризата, не се од полза ни на Русија, ни на односите НАТО-РФ, ниту за регионалниот и глобален мир, тие нанесуваат само штета. Вчера овие ставови му беа изречени на амбасадорот на РФ во Анкара. Јас истовремено побарав од заменик-министерот за надворешни работи да се поврзе со руската страна и да пренесе дека сакам лично да поразговарам со почитуваниот Путин. Нашиот амбасадор информираше дека таа информација е предадена, но до овој момент ние не добивме одговор“, изјави Ердоган во саботата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче