Украина очекува големи загуби од руското ембарго

Загубите на украинските претпријатија изнесуваат од 800 милиони до 1,1 милијарди долари како резултат на руското производствено ембарго против Украина.

Министерот за економски развој и трговија на Украина Ајварас Абромавичус во петокот изјави дека како резултат на производственото ембарго од РФ и ограничувањето на транзитот од страна на Русија, загубите на украинските претпријатија изнесуваат од 800 милиони до 1,1 милијарди долари.  

„Убеден сум дека нашиот сосед и понатаму ќе се однесува непријателски без оглед на меѓународните договори. Очекуваме како резултат на ембаргото, режимот на најповластена држава и ограничувањето на транзитот од страна на Русија, загубите да изнесуваат од 800 милиони долари до 1,1 милијарди долари“, изјави Абромавичус во делот за пратенички прашања во Врховната рада на Украина, пренесува РИА „Новости“.

Во врска со тоа, Киев почна со имплементација на економскиот дел од спогодбата за асоцијација со ЕУ. Русија за заштита на својот пазар и производителите воведе за Украина царински давачки предвидени со единствениот царински тарифник на Евроазискиот економски сојуз, и прехранбено ембарго исто како она што постои спрема земјите кои ги поддржаа санкциите против Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња