Руски Су-27 пресретнал американски авион над Црното море

Американски извидувачки авион РЦ-135У бил пресретнат на 25 јануари во меѓународен воздушен простор од руски ловец Су-27, соопшти портпарол на Министерството за одбрана на САД.

„Американски РЦ-135У на 25 јануари 2016 година, додека летал по регуларна траса во меѓународниот воздушен простор над Црното море, бил пресретнат од руски Су-27 на небезбеден и непрофесионален начин. Ги разјаснуваме деталите на овој конкретен инцидент“, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на САД потполковник Мишел Балданза.

Од своја страна, „Вашингтон Фри Бикон“, повикувајќи се на воен претставник тврди дека рускиот Су-27 се доближил до американскиот авион на растојание од 20 стапки (над 6 метри). Некое време летале еден покрај друг, а потоа рускиот авион направил остро свртување настрана.  

Руските и американските војници вчера одржаа видео-конференција уште една рунда консултации за безбедноста на летовите на небото над Сирија. Потоа Пентагон објави соопштение за медиумите, но во него не се споменуваше инцидентот над Црното море, пренесува ТАСС.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња