Русија и Финска планираат да продолжат да работат на „Северен тек-2“

„Северен тек-2“ беше замислен како чисто комерцијален проект и така го гледаат и европските партнери, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Русија и Финска имаат намера да ја продолжат соработката околу „Северен тек-2“. Овој проект страните го гледаат како чисто комерцијален, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

„Во однос на „Северен тек-2“, тоа е исто така крупен проект, и за него дискутиравме. Станува збор имено за комерцијален проект, независно од тоа што се обидуваат да го протолкуваат поинаку. Тоа е нормален бизнис-проект, имено така и беше замислен, и од руска страна, од руските компании, пред сѐ од „Гаспром“ и европските компании-партнери. Имено во таков вид и сакаме да го профилираме. Колку што ја разбрав позицијата на мојот колега, Финска исто така го гледа овој проект чисто како комерцијален“, рече Медведев по средбата со финскиот премиер.  

Според неговите зборови, се планира продолжување на соработката во оваа насока. „Имајќи го предвид нашето искуство од работата на проектот „Северен тек-1“, имаме намера да ја продолжиме соработката, базирајќи се на овој пристап“, изјави Медведев, пренесува РИА „Новости“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња