Песков ги обвинувањата на Стејт департментот против Путин

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков е убеден дека последните настани укажуваат дека во САД започнала подготовката за руската изборна кампања.

Кремљ ги смета за скандалозни и навредливи изјавите на Белата куќа за наводна корумпираност на Владимир Путин. Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков е убеден дека последните настани укажуваат дека во САД започнала подготовката за руската изборна кампања, соопштува „Лента.ру“.

„Кампањата за оцрнување почна. Присутно е и активно користење на темата Путин во внатрешнополитичката изборна игра во САД. Таму сите се тркаат да го критикуваат Путин и буквално се натпреваруваат кој ќе го направи тоа повпечатливо“, изјави Песков.

Втората причина за нападите врз претседателот на Русија, според Песков, би можела да биде континуираната позиција на Москва во однос на регулирањето на украинската и сириската криза, како и нејзината активна улога во меѓународните работи. „За жал, колегите преминуваат на лични навреди. Тоа воопшто нема да влијае ни на Путин, ни на Русија“, додаде портпаролот на Кремљ.

Песков исто така изјави дека Кремљ очекува од Белата куќа објаснување за таквиот став.

Покрај тоа, портпаролот додаде дека засега е рано да се зборува дали Путин ќе учествува во претседателските избори 2018 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња