Руските безбедносни служби добиваат сигнали за подготвување обиди за навлегување во Русија на терористи од разни земји, вклучително и од Украина, соопшти првиот заменик-раководител на Националниот антитерористички комитет на РФ (НАК) Евгениј Иљин, пренесува РИА „Новости“.
Според неговите зборови, терористите можат да се обидат и да навлезат во РФ преку Средна Азија.
Покрај тоа, Иљин соопшти дека НАК добива информации за присуство на борци на територијата на Балканот, од каде тие се подготвуваат да навлезат во други земји во Европа.
Советникот на претседателот на НАК Андреј Пржездомски, како што пишува ТАСС, изјави дека безбедносните служби спречиле префрлање на неколку групи на „Исламската држава“ и спречиле терористички напади на територијата на РФ.
„Пред некое време од Сирија беше префрлена група од 4 искусни борци чија задача беше да извршат терористички напад во еден од градовите“, истакна претставникот на НАК. На терористите им бил обезбеден легален влез во Русија, тие изнајмиле куќа во која била нивната база, дошле до компоненти за изработка на експлозивни направи. Групата е уапсена и ја чека судење.
Пржездомски потенцираше дека во ИД функционира специјална единица за подготовка на терористички напади во Русија и Европа. Според информациите на НАК, единицата е раководена од Ахмед Четаев по прекар Едноракиот. Таа се состои првенствено од лица од Северен Кавказ, додека инструктори се и поранешни офицери на ирачката армија. Од НАК додаваат дека на руските безбедносни служби им е позната таа информација и дека дејствуваат превентивно, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче