Медиум: Рускиот АК-47 ќе се склопува во САД

Поради санкциите против Москва, американскиот дистрибутер на автоматот „Калашников“ беше принуден да ги прекине врските со рускиот производител на оружје. Сега фирмата RWC, која ги поседува правата на називот, одлучи да почне со сопствено производство, соопштува телевизијата „Фокс Њуз“.

Фирмата RWC, во минатото официјален увозник и дистрибутер на оружјето произведено од концернот „Калашников“ во САД реши да почне сопствено производство на АК-47 во државата Флорида, соопштува телевизијата  „Фокс Њуз“.

„Минатата година фирмата RWC беше принудена да ги раскине односите со руската компанија,. Но таа ги задржа американските права на називот и отвори мало претпријатие во Тулитаун, Пенсилванија. Сега компанијата планира да почне целосно производство на атлантскиот брег“, пренесува телевизијата.

Автоматот „Калашников“ (АК) беше примен во вооружувањето на СССР во 1949 година. Автоматот е дизајниран од Михаил Калашников. Во моментов АК и негови варијанти се најраспространетото огнено оружје на светот, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња