Лавров реагира на американските обвинувањата против руското раководство

Во петокот по американска инцијатива се одржа телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери.

Во петокот по американска инцијатива се одржа телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери.

„При разгледувањето на проблематиката на руско-американските односи Лавров изрази индигнација од измислените и безобразни обвинувања на адреса на раководството на Русија кои се слушнаа последниве денови од устите на високи функционери на администрацијата на Обама. Потенцирано е дека вината за намерното поткревање на тензиите во билатералните односи во целост лежи кај Вашингтон“, се вели во соопштението на  сајтот на МНР РФ.

Исто ака страните разменија мислења за сирискиот проблем и дискутираа за „некои други актуелни проблеми“, пренесува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња