Вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович ја смета за нереална просечната цена на нафтата од 20-24 долари за барел и мисли дека цените ќе се зголемат.
„Кога тоа ќе се случи (растот на цената), никој не знае, оваа или идната година, сложено е да се претскажува. Но мислам дека не треба да бидеме загрижени дека цените ќе бидат на најниското годишно просечно ниво. Тие ќе се колебаат, но цената од 20-24 (долари за барел) како просечна во годината ми се чини нереална. Лично сметам дека цените можат да се покачат на повисоко ниво“, изјави Дворкович.
Вицепремиерот додаде дека растот на цените може да се случи и како резултат на намаленото производство на нафта во светот. „Дали ќе се намалува само во САД или во земјите на Блискиот Исток, или кај нас, не можам да одговорам на ова прашање“, потенцираше Дворокович, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче