Вашингтон: Обвинувањата за корупција на Путин се официјален став на САД

Изјавите на заменик-министерот за финансии на САД Адам Шубин за учеството на претседателот на Русија во корупција ја одразува позицијата на Вашингтон. Ова, како што соопштува „Ројтерс“, го изјави во четвртокот портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

„Оцената на чиновникот на Министерството за финансии на САД најдобро го одразува мислењето на администрацијата“, изјави Ернест. Истовремено тој не можеше да одговори дали САД имаат намера да воведат санкции против Путин, затоа што тоа спаѓа под јурисдикција на министерството, пренесува „Ројтерс“. 

Во понеделникот, 25 јануари, телевизијата „Би-Би-Си Еден“ (BBC One) прикажа получасовен документарен филм „Тајните богатства на Путин“ (Putin's Secret Riches). Како соговорник во филмот настапи и заменик-министерот за финансии на САД Адам Шубин, кој изјави дека Вашингтон гледа како рускиот лидер „ги збогатува своите пријатели, блиски соборци и ги маргинализира оние кои не ги смета за пријатели и кои не поседуваат државна актива“. „Независно дали се тоа енергетските богатства на Русија   или државни договори, тој им ги дава (активите) на оние кои ќе му служат, а ги исклучува оние кои нема да му служат. За мене тоа е слика за корупција“, резимираше Шубин.

На 26 јануари портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека обвинувањата на Министерството за финансии на САД на адреса на Путин треба да се докажат, меѓутоа Москва нема да го бара тоа. Содржината на материјалот на филмот тој ја нарече „чиста измислица и клевета“, пишува „Лента.ру“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња