Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека и покрај несогласувањата НАТО-пактот и Русија се способни за конструктивна соработка.
Тој истакна дека Руската Федерација е најголем сосед на НАТО-пактот и дека односите треба да се градат врз принципи на заемна почит, пренесува „Комсомолскаја правда“.
„Нема никакви противречности во јакнењето на НАТО-силите и соработката со Русија. Навистина. Само ако бидеме доволно силни ќе може е да развиваме конструктивни односи за соработка“, го цитираат медиумите генералниот секретар на НАТО. Столтенберг го спомена и „надворешниот притисок“ кој го чувствуваат Украина, Грузија и Молдавија и вети дека НАТО ќе им помогне на тие земји да пружат отпор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче