Реформите на ММФ ја чинеа Русија 8 милијарди долари

Меѓународниот монетарен фонд во четвртокот соопшти дека е завршена реформата на распределба на гласовите што започна пред шест години. Русија ја зголеми својата квота.

По спроведените реформи сите држави на БРИКС добиваат поголеми квоти во ММФ: Кина 6,4% (претходно 4%), Русија 2,7% (2,4%), Бразил 2,3%, и ЈАР 0,6%. Вкупно БРИКС има 14,7% гласови, додека за блокирање на одлуките на фондот се потребни 15% гласови.

„Четири држави со пазари во развој (Бразил, Кина, Индија и Русија) влегуваат меѓу десетте најголеми членки на ММФ заедно со САД, Јапонија, Франција, Германија и Велика Британија“, соопшти прес-службата на ММФ, која овие реформи ги нарекува  „историски момент“ за организацијата.

Таа привилегија, инаку, не е бесплатна. Според извештајот на Централната банка за меѓународните резерви кој го поднесе на почетокот на годината,  уделот на Русија во Фондот изнесуваше 7,888 милијарди долари, а сега ќе биде должна да уплати над 8 милијарди долари. Бордот на директори на ММФ минатата недела ја одобри директивата за зголемување на квотите. Парите мораат да бидат уплатени во рок од 30 дена, пренесува „Експерт“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња