Медиуми: Вработен на аеродромот ја поставил бомбата во А321

Руските и египетските тајни служби се во потрага по шест лица за кои постои сомневање дека се вмешани во терористичкиот напад со кој беше соборен авионот А321 над Синајскиот полуостров.

Руските и египетските тајни служби се во потрага по шест лица за кои постои сомневање дека се вмешани во терористичкиот напад со кој беше соборен авионот А321 над Синајскиот полуостров. Меѓу лицата по кои се трага е и вработен на аеродромот, кој наводно ја пренел бомбата во авионот, соопштува телевизијата „ЛајфЊуз“ повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Како што утврдиле безбедносните служби, човекот кој директно ја поставил експлозивната направа бил товарач на багаж на аеродромот Шарм ел Шеик и бил вработен кратко време пред терористичкиот напад. Тој бил одговорен за багажот на патниците и имал можност да излегува на пистата.

Откако ја поставил бомбата (мал врзоп со експлозив, а не чанта, како што се претпоставуваше претходно) во делот за багаж, товарачот избегал од аеродромот и ја напуштил земјата. Последен пат бил лоциран во Турција, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња