Лавров одговори на критиката на Штајнмаер за мешање во внатрешните работи

„За она што се случи со Лиза не дознавме од официјалните структури на Германија, како што би требало, туку од Русите во Германија, потоа од адвокатите на семејството, потоа од родителите на Лиза, потсети Лавров.

Москва бара од Германија повеќе информации за случајот со 13-годишната Русинка Лиза за да се избегнат сите недоразбирања, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

„Сигурен сум дека ќе има помалку недоразбирања ако соодветните органи на Германија ни ја понудат целата неопходна информација“, рече Лавров. „Се работи за државјанин на Руската Федерација и ние имаме право не само да чекаме завршување на истрагата, туку според сите прописи кои постојат во цивилизираниот свет да бидеме информирани за ваков или онаков инцидент со нашите државјани. Во овој случај тоа не е направено благовремено“, рече Лавров.

Претходните критики на Лавров дека Германија не нуди доволно информации за киднапирањето и силувањето на 13-годишна Русинка, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ги коментираше како мешање во внатрешните работи на неговата земја.

„Сигурен сум дека поголема транспарентност, повеќе информации за наши државјани, дотолку повеќе по повод на такви сериозни ситуации, ќе бидат од полза и за нашите односи и никој нема да го поставува прашањето што е пропаганда, а што мешање во внатрешните работи“, нагласи Лавров. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња