Идното стапување на Црна Гора во НАТО е наменето да ѝ демонстрира на Русија дека процесот на проширување на Северноатлантската алијанса е перманентен, изјави во четвртокот за РИА „Новости“ дипломатски извор во Брисел.
„Со стапувањето на Црна Гора во НАТО Алијансата сака да ѝ испрати на Русија крајно јасен сигнал дека НАТО нема да го запре проширувањето“, изјави тој.
Како што изјави порано во четвртокот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, преговорите со Црна Гора за зачленување во Алијансата ќе почнат кон средината на февруари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче