Украина се залага за продолжување на преговорите со РФ за купување гас

Прашањето за набавка на гас ќе биде регулирано до крајот на март, соопшти министерот за енергетика на Украина Владимир Демчишин.

Министерството за енергетика на Украина се залага за продолжување на преговорите со Русија за набавка на гас. Потребно е да се формира принцип на купување не само за еден квартал, туку и на подолг период, изјави министерот за енергетика на Украина Владимир Демчишин, пренесува РИА „Новости“.

„За грејната сезона ситуацијата беше регулирана, а по грејната сезона  - тоа е по првиот квартал – исто така треба да продолжат односите, т.е. мислам, како минатиот пат“, рече Демчишин, коментирајќи ја ситуацијата со преговорите за набавка на гас од РФ во вториот квартал.

„Важно е да се формира принцип не само за вториот квартал, туку и на подолг период. Ќе видиме како ќе се развива пазарот, затоа што минатата година значително се намали потрошувачката која дава можност да се формира нов баланс со имање предвид фактот дека зависноста од надворешна испорака ќе биде помала. Затоа дали тоа ќе биде од РФ или од европски правец – ќе има многу фактори“, додаде Демчишин.  

„Сѐ е очигледно: ние го разбираме обемот, сите принципи се договорени. Договорот вака или онака ќе биде потпишан како што минатиот пат потпишавме, затоа што тоа е правилно – да се има можност потоа да се одбере најдобрата цена“, изјави украинскиот министер.  

Демчишин исто така прецизираше дека овие прашања ќе бидат решени на трилатерална средба во формат Украина-Русија-ЕУ, за која сѐ уште не е дефиниран датумот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња