„Транспаренси Интернешенел“: Намален степенот на корупција во Русија

Нивото на корупција во Русија се намалило, констатира организацијата „Транспаренси Интернешенел“.

Нивото на корупција во Русија се намалило, констатира организацијата „Транспаренси Интернешенел“ во објавениот во средата, 27 јануари, индекс на корупција. Според тој показател, РФ се наоѓа на 119 место, заедно со Азербејџан, Гвајана и Сиера Леоне. Претходната година Русија беше на 136 место.

Според податоците на организацијата, меѓу земјите од поранешниот СССР најмала корупција има во Естонија (23 место), Литванија (32), Латвија (40), Грузија (48-е), Ерменија (95), Молдавија (103) и Белорусија (107).

За најмалку корумпирани држави се признаени Данска, Финска, Шведска, Нов Зеланд и Холандија. Земји со најголем степен на корупција се Јужен  Судан, Судан, Авганистан, Северна Кореја и Сомалија, пренесува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња