Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ наложи на министерката за здравство Вероника Скворцова да не дозволи ширење на вирусот „Зика“ на територијата на Русија.
„Таму уште некаква гадост од Латинска Америка се префрла, исто некаков вирус. Комарците го разнесуваат, тие, се разбира, нема да го прелетаат океанот, но инфицираните луѓе можат да го прелетаат и го прелетуваат“, рече шефот на руската држава на состанокот со членовите на владата.
Според зборовите на Путин, нов вирус се појавил во Европа. Затоа шефот на државата побара „да се обрне внимание на тоа, затоа што вирусот ги напаѓа бремените жени и може да има тешки последици по децата“. „Потребно е внимателно да се однесуваме спрема тоа, меѓу другото, вие имате добро искуство во работата со транспортните компании, со авијациските компании, да се разбере кои се признаците и оперативно да се реагира“, побара претседателот на РФ. Тој додаде дека „се разбира, потребно е да се работи и на (антивирусни) препарати“, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче