Песков: Русија дискутира со други земји за ситуацијата со нафтата

Консултациите со земјите-производители на нафта течат на постојана основа, меѓутоа засега не може да се зборува за соодветен план за координација на активностите, истакна портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Русија дискутира со партнерите, вклучително и со Саудиска Арабија, за заеднички дејства на пазарот на нафта, но засега нема конкретни мерки во план, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Несомнено, имаше размена на мислења во врска со ова, но засега на планот на примената оваа тема не беше начната“, изјави Песков, додавајќи дека размената на мислењата во однос на пазарот на нафтата во зависност од ситуацијата се одржува со сите партнери.

„Тоа не е само Саудиска Арабија, тоа се и другите држави“, прецизираше тој.  

Портпаролот на претседателот одби да одговори на прашањето дали РФ е подготвена да ја разгледа можноста за координација со другите земји-произведувачи на нафта за обемите на извоз на нафта на глобалниот пазар за да се придонесе за стабилизација на цените.  

„Консултации, размена на мислења со различни земји, особено со оние кои се произведувачи на нафта, на тема „Ситуацијата на нафтениот пазар“ навистина се одвиваат на постојана основа. Истовремено со тоа не може да се зборува за применлив план за координација на активностите“, изјави Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња