Од работата на Владимир Путин како претседател на Русија се задоволни 82% од граѓаните, а незадоволни се 18%, ги соопштија за „Интерфакс“ од „Левада-центарот“ резултатите од јануарското истражување.
Во јануари 2015 година показателот за одобрување на работата на претседателот изнесувал 85%, додека во јануари 2014 година - 65%, потсетуваат социолозите.
Работата на Дмитриј Медведев на местото премиер ја одобруваат 56% од анкетираните, додека не се задоволни - 42% (во декември-ноември 61% и 37-38%).
Од работата на владата се задоволни 50% испитаници, а незадоволни - 48%, додека работата на Државната дума ја одобруваат 42% и не ја одобруваат 57%.
На прво место на листата со политичари на кои Русите им веруваат е Путин (58%). На второ место министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу (26%), додека трет е шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров (20%).
Никому од политичарите не веруваат 11% испитаници, а 14% изјавиле дека не ги интересира политика.
45% Руси мислат дека земјата се движи во правилна насока (56% во декември и 55% во ноември).
Анкетата беше спроведена од 22-25 јануари на 1600 лица во 137 населени места во 48 региони на РФ. Статистичката грешка не надминува 3,4%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче