Медиуми: НАТО сака оддел за борба со „информациското оружје“ на РФ

Создавањето нов оддел во структурата на НАТО може да стане дел од комуникациската стратегија на Алијансата, наменета да врши влијание врз странскиот аудиториум, пишува „Ројтерс“.

НАТО може да почне да се бори со руското „информациско оружје“ со создавање специјален комуникациски оддел кој ќе ги координира различните методи за донесување на неопходната информација за Алијансата до медиумите и јавноста. Ова го пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на проектот со предлози на НАТО.

„Дел од новата комуникациска стратегија на НАТО може да стане примената на воената тактика, за да се сфати противникот, а потоа да се врши влијание врз странскиот аудиториум“, се вели во статијата.

„Ројтерс“ потенцира дека НАТО планира да работи со руските медиуми и социјалните мрежи, анализирајќи ги основните сижејни линии и да ги адаптира своите комуникациски кампањи според неопходниот културен контекст за најефикасно да влијае на публиката.

Освен тоа, истакнува агенцијата, Алијансата планира „побрзо да го декласифицира имиџот“ за превентивно да го предупреди НАТО за „заканувачката активности“, како и да ја анализира комуникацијата во социјалните мрежи.

Како што истакнува „Ројтерс“, НАТО не го коментира наведениот документ, сепак истакнува дека воениот комитет на Алијансата работи на политиката на стратешки комуникации. Советникот за односи со јавноста и стратешки комуникации на воениот комитет на НАТО Ева Свободова соопшти дека земјите-членки на Алијанската допрва треба да го разгледаат овој проект пред да го усвојат, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња