Во Вашингтон има вистински раскол во прашањата за надворешната политика, вклучително и во однос на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин, пишува италијански „Ил Џорнале“.
Последнава недела САД не штедеа на обвинувања против рускиот претседател, обвинувајќи го за убиството на Александар Литвиненко и нелегални финансиски шеми. „Овие сигнали треба да се сфатат како желба на САД да ги сведе сметките со рускиот лидер. Единствено ако вистинската „игра“ на САД не е против руската влада, туку против своите политички сили“, пренесува РИА „Новости“.
Според изданието, последниве петнаесет години американската надворешна политика беше во власта на неоконзервативците, кои „следејќи ги своите безумни планови“ успеаја да ги дестабилизираат Авганистан, Ирак, Тунис, Египет, Либија, Сирија, како и „да му објават војна на тероризмот која не донесе мир, туку донесе повеќе тероризам во форма на ИД“. Сепак во Вашингтон постои и умерено крило на конзервативци кои се залагаат за дипломатски решенија, за што сведочи незадоволството на некои генерали во Пентагон од политиката на САД во Сирија.
„Во САД постојат луѓе кои навистина сакаат да ги сведат сметките со ИД, тоа се тие луѓе кои воспоставуваат односи со Иран и сега, се чини, се подготвени да почнат намалување на тензиите во односите со Путин. Државниот секретар Џон Кери, настапувајќи во Давос, изјави за можно укинување на санкциите доколку се почитува „Минската спогодба“. И макар што е прерано да се гледа на овие зборови како на реален потег, треба да се обрне внимание на тоа во контекст на борбата за власт во Белата куќа. Неоконзервативците се подготвени да истрелаат торпеда тогаш кога врхушката на власта е подготвена да подаде рака“, пишува италијанскиот весник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче