Командата на Вооружените сили на САД во Европа има нова воена стратегија на континентот за следните 3-5 години, а како основен приоритет го избра „одвраќањето на руската агресија“.
2015 година е една од најтешките години по завршувањето на студената војна, стои во документот на ЕУКОМ објавен во вторникот. Безбедносната ситуација во Европа значително се промени, а американската команда гледа дека заканите доаѓаат од три правци, пренесува „Дојче Веле“.
Главната причина за загриженоста на САД е Русија, „нејзиното агресивно однесување во Источна Европа“, како и „милитаризацијата на Арктикот“. Истовремено на Европа од југ ѝ се заканува терористичката организација „Исламска држава“, стои во документот.
„Нашата команда го фокусираше вниманието на реваншистичка Русија, масовните миграции и терористи“, изјави командантот на ЕУКОМ Филип Бридлав.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче