Уљукаев: Длабокиот дел од кризата во Русија помина

Длабокиот дел од кризата во Русија беше поминат уште при крајот на II квартал 2015 година, изјави министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев по средбата со претседателот на Русија Владимир Путин.

Длабокиот дел од кризата во Русија беше поминат уште при крајот на II квартал 2015 година, сега има движење во позитивна насока, изјави министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев по средбата со претседателот на Русија Владимир Путин.

Владимир Путин, од своја страна, истакна дека се надева на поправање на ситуацијата во економијата на земјата во 2016 година со земање предвид на помал, од очекуваниот, дефицит на буџетот и добри резерви, пренесува „Взгљад“.

Во понеделникот Путин соопшти дека фундаменталните основи на економијата на Русија дозволуваат да се искаже воздржан оптимизам за развој на ситуацијата и во целина економијата е жива и се чувствува мошне сигурно.

Од своја страна поранешниот министер за финансии на Русија Алексеј Кудрин изјави дека падот на цените на нафтениот пазар создаде нова реалност и дека врвот на кризата допрва претстои.  

Шефот на Министерството за финансии Антон Силуанов соопшти дека руската влада подготвува нов стратешки план на активности во економијата на краткорочен и среднорочен рок.

Во декември претседателот на Русија Владимир Путин ја нарече најважна задача на владата враќањето на руската економија на стабилно темпо на раст.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња