„СССР не се распадна поради економски проблеми. Лидерите на СССР едноставно загубија ориентација. Не знаеја што и како да прават, н гледаа начини за решавање на проблемите“, изјави Патрушев во интервју за „Московски комсомолец“.
„Покрај тоа, раководството на Советскиот Сојуз не сакаше да преземе одговорност. Заборави на основниот принцип на управување со државата: мораш да сносиш одговорност за одлуките што ги донесуваш“, вели Патрушев. „Да се сетиме само, на пример, за одлуката за воена интервенција во Грузија или Литванија. Зар некој навистина верува дека самата војска ги донела тие одлуки? Тоа е несериозно“, додава секретарот на СБ Русија и додава дека тоа е само еден од доказите за разложување на државниот систем.
„Раководството на СССР во потребниот момент не покажа политичка волја, не веруваше дека е во состојба да ја зачува земјата, па не беа преземени ни неопходните економски мерки. Актуелното раководство на Русија повеќепати докажуваше дека поседува политичка волја“, нагласува Николај Патрушев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче