Спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин по преговорите во Каиро со претседателот на Египет и првиот човек на парламентот на таа земја изјави за можноста за скорешно укинување на забраната за патување во Египет за руските туристи, пренесува „Интерфакс“.
„Дискутиравме за можноста за обнова на приливот на руски туристи во одморалиштата во Египет и сигурен сум дека во најскоро време ќе успееме да ги решиме овие задачи“, изјави Наришкин.
Тој истакна дека во текот на средбата со претседателот на Египет ал-Сиси и претседателот на парламентот Алем била потврдена важноста од дијалог и заинтересираноста на двете страни во разгледувањето на споменатите теми.
Наришкин се заблагодари на Каиро за разбирањето на загриженоста на Москва по повод безбедноста на руските туристи во одморалиштата во Египет по катастрофата над Синајскиот полуостров.
„Сега стручњаците и претставниците на воздухопловните власти на нашите земји, претставници на институциите одговорни за безбедносни прашања активно работат на разработка на систем мерки кои би ја осигурале безбедноста на руските туристи“, истакна Наришкин.
Потврда на тоа дека и Русија и Египет имаат најсериозни намери да ја развиваат туристичката сфера е фактот што на крајот на минатата година Русија отвори конзуларно одделение во Хургада, истакна спикерот.
„Ние ги убедивме нашите египетски колеги дека терористичкиот акт на небото над Синај во никој случај не влијаеше на самиот пријателски однос на Русите кон народот на Египет“, изјави Наришкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче