Медиуми: ОПЕК моли за сојуз со Русија

Организацијата на земји-извознички на нафта ОПЕК моли за сојуз со Русија, за да склучи пакт за намалување на производството и запирање на падот на цените на суровините, пишува „Телеграф“.

Според информациите на изданието, генералниот секретар на ОПЕК Ал-Бадри во текот на настапот на конференција во Кралскиот институт за меѓународни односи во Лондон изјави за настапувањето на „сурови времиња“, пренесува „Взгљад“.  

„Сурови времиња бараат сурови одлуки. Крајно е важно сите големи земји производители на нафта да седнат на преговарачка маса и да најдат излез“, изјави Ал-Бадри.

На тој начин ОПЕК ќе покаже подготвеност да се договара со конкуренти за компромиси „по 72 пад на нафтените цени од средината на 2014 година“.

Ал-Бадри исто така истакна дека во индустријата се бележи инвестициски пад кој во иднина може да доведе до сериозни финансиски загуби кај компаниите што се занимаваат со производство на нафта.

Изданието истакнува дека првиот човек на ОПЕК „предупреди дека заситувањето на пазарот создава услови за идна криза на понудата, а денешните остри колебања на цените на „непромислениот пазар“ одговара единствено на интересите на шпекулантите“.

„Телеграф“ исто така става акцент на тоа дека денешниот пазар на нафта е „претоварен“ и тој проблем во најскоро време треба да се реши, поради што ОПЕК ќе мора да се договара со Русија и низа други земји.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња