На прес-конференцијата одржана во Дипломатската академија на МНР Русија, министерот Сергеј Лавров објасни дека „агресивно малцинство во Европската унија“ се однесува така затоа што се плаши дека по повлекувањето на оружјето на ред ќе дојдат и другите точки од „Минската спогодба“ од 12 февруари, пренесува ТАСС.
„А тоа е заедничка работа на Киев, Донецк и Луганск за посебниот статус на тие територии кој треба да го гарантира новиот устав на Украина“, рече Лавров. „Тоа е и законот за изборите во тие делови на Украина и амнестијата за сите учесници во вооружените судири на југоистокот и цела низа други прашања кои бараат политичка волја и конструктивен приод“.
Лавров обрна внимание на тоа дека, за жал, и покрај сите изјави на Петро Порошенко за тоа каков „претседател на мирот“ е тој, во државата доминира „партија на војната“ која ја претставуваат и други членови на украинското раководство.
„А тие членови на украинското раководство, членовите на „партијата на војната“ добиваат многу силна поддршка од странство“, додаде Лавров.
„Апсурдот на ситуацијата е сѐ поочигледен за поголемиот број на нашите западни партнери и јас сум сигурен дека разумот ќе победи“, истакна шефот на руската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче