„Како и милиони граѓани на Советскиот Сојуз - преку 20 милиони – и јас бев член на Комунистичката партија на СССР. И не само член. Речиси 20 години работев во организацијата која се викаше Комитет за државна безбедност на СССР, а тоа е организација-наследничка на Чека, која ја нарекуваа и вооружениот одред на партијата“, рече Путин во понеделникот на форумот СНФ, пренесува „Интерфакс“.
„Не бев во групата принудени членови (на КПСС). Не можам да кажам дека бев идејно страстен комунист, но бев ревносен член на партијата“, призна претседателот на Русија. „За разлика од многу функционери не бев функционер, од партиска гледна точка бев само обичен член на партијата, и не ја фрлив партиската книшка, не ја запалив, ја чувам некаде...“
„Ми се допаѓаа и сѐ уште ми допаѓаат комунистичките и социјалистичките идеи. Ако го погледнеме кодексот на изградба на комунизмот, широко распространет во Советскиот Сојуз, можеме да забележиме дека многу потсетува на Библијата. Тоа не е шега. Тој е земен од Библијата. Во тој кодекс има многу важни идеи: рамноправност, братство, среќа.“
„Но практичната реализација на тие прекрасни идеи во нашата земја беше далеку од она што го зборуваа социјал-утопистите. Нашата земја не потсетуваше на градот на Сонцето“.
Путин исто така потсети дека сите го обвинувале царскиот режим за репресии, но токму со масовни репресии започнала изградбата на советската држава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче