Путин: Русија нема да се меша во внатрешните прашања на Сирија

Русија нема намера да се меша во внатрешните работи на Сирија, нејзината задача е само да ѝ помогне на легитимната власт да се справи со тероризмот, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Во понеделникот шефот на руската држава го посети Севернокавкаскиот федерален универзитет и разговараше со студентите. Меѓу учесниците имаше и студент од Сирија кој му се заблагодари на Путин за поддршката на владата во борбата против тероризмот, како и за можноста да се здобие со образование во Русија.

„Знаете, ние никако не планираме да се мешаме во државното уредување, во решавањето на проблемите кои стојат пред Сирија и другите земји во регионот. Нашата задача е само да му помогнеме на вашиот народ, да му помогнеме на легитимното раководство на земјата, во овој случај на Сирија, да се бори против тероризмот, да ги ликвидира терористите на сириската територија“, изјави Путин.

Тој изрази надеж дека странските студенти, вклучувајќи ги и оние од Сирија, ќе ги применуваат „на најдобар начин“ знаењата стекнати во Русија за обнова на својата земја, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња