Индустриското производство во Русија во 2015 година намалено за 3,4%

Индустриското производство во Русија во декември 2015 година опаднало за 4,5% во споредба со истиот месец во 2014 година, соопшти во понеделникот „Росстат“.

Индустриското производство во Русија во декември 2015 година опаднало за 4,5% во споредба со истиот месец во 2014 година, соопшти во понеделникот „Росстат“, пренесува „Интерфакс“.

За една година показателот се намалил за 3,4%.

Во споредба со ноември намалувањето на индустриското производство забрзало за 1%.

Притоа производството на патнички автомобили во РФ во 2015 година се намалило за 27,7% во споредба со 2014 година, на 1,2 милиони автомобили. Во 2015 година во Русија биле произведени 131 илјада камиони, што е за 14,7% помалку од претходната година. Производството на автобуси за една година се намалило за 17%, на 36,7 илјади.

Апсолутни цифри „Росстат“ не наведува.

Министерството за економски развој претходно ја ревидираше макропрогнозата за 2016 година, сметајќи ја за основна варијанта цената на нафтата да изнесува 40 долари. Оваа варијанта предвидува дека индустриското производство во РФ ќе опадне за 0,4% (досега се очекуваше раст за 0,6% при цена на нафтата од 50 долари).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња