собрание на Советот на Европа извесно време да заборави на Русија, затоа што „лостот на влијание на РФ во нејзино отсуство го нема“. Затоа рускиот пратеник му предлага на ПССЕ да се позанимава со „Украина, бегалците и нападите врз жени“, пренесува РИА „Новости“.
Тој исто така се осврна на изјавата на претседателката на ПССЕ Ен Брасер, која констатираше дека „Европа им ја тресна вратата на мигрантите“ и ги осуди европските лидери поради инсистирањето да го ограничат приливот на бегалци. Пушков коментираше дека ништо не се менува и дека „оцените на европската организација и понатаму се во иста мера адекватни како и претходно“.
Според податоците на европската агенција за контрола на надворешните граници „Фронтекс“ во Европа во текот на минатата година влегле 1,2 милиони мигранти. Европската комисија соопшти дека мигрантската криза во светот е најголема од времето на Втората светска војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче