Во петокот во Москва се одржаа консултации на ниво на заменици-министри на МНР Русија и Полска - Владимир Титов и Марек Зелковски. Според зборовите на МНР Полска, средбата имаше „работен карактер“, пренесува „Взгљад“.
„Имаме нова влада, затоа третиот месец од почетокот на нејзината работа решивме дека треба да се почне разговор и со овој сосед (Русија)“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски.
Тој истакна дека „во многу прашања има разногласие“.
„Но има и оптимистички сигнали“, додаде тој.
На пример, еден од сигналите е „желбата на Русите да ги прошират контактите и да ги обноват претходно замрзнатите формати, на пример, граѓанскиот форум“.
„Тоа се средби на научниците, луѓето од културата, ќе се обидиме“, рече министерот.
Според неговите зборови, како соседи, земјите „се должни да одржуваат нормални односи за решавање на прашањата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче