Почетокот на преговорите меѓу владата на Сирија и опозицијата првично беше одложен поради разногласијата меѓу Москва и Вашингтон по прашањето кој треба да учествува во дискусиите, пишува „РТ“, повикувајќи се на „Блумберг“.
Москва се заложи против учество во преговорите на радикалната организација „Армија на исламот“ која е поддржана од Саудиска Арабија. Исто така, руската страна побара во преговорите да бидат поканети поранешниот премиер на Сирија Кадри Џамил и лидерот на курдската партија „Демократски сојуз“ Салих Муслим.
Како компромисно решение, Русија нема да го блокира учеството на „Армијата на исламот“ во преговорите: САД, од своја страна, нема да пречат на формирањето одделна делегација со учество на политичарите посочени од Москва.
Специјалниот пратеник на ООН за Сирија Стафан де Мистура ќе покани за учество во преговорите две делегации претставници на сириската опозиција.
Во саботата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери во текот на телефонскиот разговор дискутираа за подготовката на сириските преговори, особено за формирањето на претставителна делегација на опозицијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче