Египет ќе гради руска индустриска зона

Министерот за индустрија и трговија на Египет има намера следната недела да потпише во Каиро со колегите од Русија протокол за изградба на руска индустриска зона во близина на Суецкиот канал, изјавија во неделата од египетското министерство.

„Ќе бидат потпишани низа меморандуми за разбирање од кои најважно ќе биде потпишувањето на протоколот за формирање руска индустриска зона во реонот на Суецкиот канал, како и потпишувањето спогодба меѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и низа египетски банки за барање инструменти за финансирање на инвестициски проекти“, соопшти кабинетот на египетскиот министер по неговата средба со амбасадорот на РФ во Египет Сергеј Кирпиченко.

Во соопштението исто така се вели дека руската делегација ќе биде составена од претставници на 60 руски компании. Се планира одржување на руско-египетски бизнис-форум, пренесува „Взгљад“.

Според информациите на министерството за индустрија и трговија на Египет, потпишувањето на спогодбите се планира во рамките на работата на египетско-руската меѓувладина комисија.

Претходно претседателот на Египет Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека земјата смета во најскоро време да почне со практични чекори за создавање руска индустриска зона во реонот на Суецкиот канал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња