„Санкциите немаат никаква смисла. Затоа што очигледно, организаторите на санкциите, веројатно, имале предвид некако да ја казнат Русија, да предизвикаат некакво незадоволство кај населението, кое кон нешто би ја поттикнувало владата“, изјави Трутнев.
„Под дејството на санкциите народот се сплоти повеќе и демонстрираше рекордна поддршка и за политиката на претседателот, и за владата. Но сега треба да се отпишaт трошоците и некој мора да признае дека сето ова е направено напразно, дека залудно се расипани економските односи“, рече Трутнев во интервју за „Русија 24“, пренесува „Взгљад“.
Тој додаде дека како резултат на тоа, „сите земји загубија десетици милијарди долари и сега некој мора да ја преземе одговорноста за тоа. И оние луѓе кои застанаа во одбрана на санкциите ќе се спротивстават, бидејќи тие мораат да признаат дека тие погрешиле“.
Коментирајќи го позитивниот ефект од санкциите врз руската економија, Трутнев изјави дека „меѓународната економска соработка е секогаш подобра од нејзиното отсуство“.
"Позитивни моменти има во сѐ, без сомнение ... Но, сепак, развојот на економската соработка е од корист за сите страни," – рече Трутнев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче