Русија во 2017 година ќе почне со сериско производство на напредниот авио-систем на фронтовска авијација (ПАК ФА, Т-50), соопшти командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев.
„Ме радува работата на индустријата во оваа насока. Неодамна го посетив Комсомолск на Амур, ја погледнав работата на претпријатието врз овој авион. Денеска Т-50 бр. 11 е завршен 60-70%. Тоа е конечниот модел на пробната група. 100% сум сигурен дека оваа година ќе ги завршиме државните испитувања. Следната година треба да почне сериското производство“, рече Бондарев, а пренесува „Взгљад”.
Бондарев потсети дека во 2015 година во текот на тестирањето на петтиот авион Т-50 му се запалил моторот. „Авионот е поправен, петтиот авион лета. Тоа кажува дека авионот има огромен потенцијал за поправка. Тоа е добар авион и таков авион ни е потребен“, истакна Бондарев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче