Либиската армија демантира присуство на руски и американски војници

Весникот „Аш-Шарк Ал-Аусат“ претходно соопшти дека десетици војници од САД, Велика Британија и Русија се истовариле во Либија „во разузнавачка мисија“ и за поддршка на владата на национално единство.

Прес-службата на главната команда на либиската армија ја демантираше информацијата за присуство на странски војници на либиска територија со цел поддршка на владата на национално единство, соопшти агенцијата „Спутник“.

Како што информираше арапскиот весник што се издава во Лондон „Аш-Шарк Ал-Аусат“ повикувајќи се на извори во силите за безбедност, десетици војници на САД, Велика Бритаија и РФ пристигнале во Либија. Според информациите на изворите, поголемиот дел војници се истоварил во базата „Гамал Абдел Насер“ што се наоѓа јужно од градот Тобрук. Според информациите на еден од изворите, војниците на трите земји пристигнале „во разузнавачка мисија и за давање консултации на националната армија“.

„Поддршката и заштитата на владата на национално единство ја реализира само либиската армија“, ја цитира агенцијата изјавата на командата, пренесува РИА „Новости“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња