Камерон: На Лондон му е потребен дијалогот со Русија за Сирија

„Несомнено, што се однесува до Сирија, сите фактори треба да бидат вклучени во процесот, независно дали е тоа Саудиска Арабија, Иран или Русија“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

За Велика Британија е важно да го продолжи дијалогот со Русија за ситуацијата во Сирија, без оглед на кризата во билатералните односи, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во интервју за „Ал Џазеира“, пренесува ТАСС.

„Несомнено, што се однесува до Сирија, сите фактори треба да бидат вклучени во процесот, независно дали е тоа Саудиска Арабија, Иран или Русија. Се разбира, имаме определени проблеми во односите со Русија поради тоа што се случи (случајот Литвиненко), и го сметаме за правилно претходно донесеното. Сепак, кога станува збор за Сирија, колку и да е тешко, ние мораме да дискутираме за тој проблем со нив (со руското раководство), затоа што сириската криза ќе биде регулирана кога сите фактори ќе сфатат дека тоа е во нивен интерес“, рече Камерон.

Извештајот за случајот Литвиненко беше презентиран на 21 јануари во Лондон.

Москва е уверена дека активностите на Лондон во истрагата на случајот Литвиненко имаат политичка заднина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња