Француските изјави за Сирија предизвикуваат недоразбирање

„Тврдењата дека дејствувањата на РФ во Сирија наводно не ѝ даваат сигурност на Франција дека борбата против Исламските држави е наш приоритет, предизвикуваат недоразбирања“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

 „Изјавата на министерот за одбрана на Франција Жан-Ив Ле Дријан дека дејствата на руската авијација во Сирија наводно „не го уверуваат Париз“ дека борбата против исламистите е наш приоритет, предизвикува недоразбирања“, рече Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“. 

„Сакаме да го потсетиме господинот министер дека главна и единствена цел на руската операција во Сирија е  уништување на најголемото жариште на меѓународниот тероризам, кое минатата година само што не ја „проголта“ целокупната територија на една членка на ОН“, додаде тој.

Резултатите и ефикасноста од дејствувањето на руските ВКС во Сирија не се мерат само со изјавите за бројот на бомбите фрлени на ИД, туку со опипливи докази, стотина  градови и села, кои се ослободени од трупите на сиријската војска и патриотската опозиција, како и илјадниците квадратни метри сириска територија ослободена од терористи, истакнува Конашенков. 

„Затоа не треба ние да го убедуваме Париз за ефикасноста од нашите дејства и уништувањето на терористите во Сирија, туку оние кои ветија дека ќе се осветат за страдањето на француските граѓани на 13 ноември минатата година“, изјави Конашенков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња