Руската економија покажува изненадувачка стабилност и оваа земја нема причини за загриженост, иако во целиот свет владее економска нестабилност, а цените на нафтата остануваат ниски, истакнува аналитичарот на банката Баринс Матијас Зилер во интервју за „Финанц унд Вртшафт“.
Според него, спокојството на Русија е сосем разбирливо. Како прво, нема никаква опасност од тоа дека државата нема да може да ги подмири своите обврски. И покрај сите несогласувања со Западот и со мерките што се применуваат против Русија, земјата докажа дека нејзината економија е неуништлива. Освен тоа, ниските цени на нафтата предизвикуваат и позитивен ефект, затоа што нивото на зависност од сопствените ресурси порасна значително.
Како што истакнува аналитичарот, значајна улога во одржувањето на стабилноста на руската економија одигра одлуката која Централната банка ја донесе во 2014 година во смисла дека нема повеќе да се меша во ситуацијата на девизниот пазар и дека ќе дозволи слободно формирање на курсот. Истовремено Централната банка презема мерки за обезбедување на ликвидноста и консолидација на банките и финансискиот систем останува флексибилен.
Во приватниот сектор се забележливи значителни промени: се појавија многу руски ИТ-компании кои можат да бидат конкурентни со меѓународните организации. Тоа покажува дека Русија има висококвалификувани човечки ресурси кои се поддржани од државата, смета Зилер, а пренесува РИА „Новости”.
Освен тоа, според него, Русија во овој момент нема потреба од странски инвестиции, затоа што основниот капитал на земјата достигна мошне високо ниво. Акцентот е на замена на увозот со домашно производство. Освен тоа, производството на автомобили е значително „русифицирано“, постои исто така и голем потенцијал за производство на прехранбени производи.
Интересно е што Русија и понатаму ќе има позитивно салдо на трговски баланс, дури и кога цените на нафтата паднаа толку ниско, смета аналитичарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче