Во однос на федералните окрузи најголем прираст на населението има во Кримскиот федерален округ – бројноста на населението пораснала за 0,7%, во 2015 година – на 2 милиони 327,3 илјади души, пишува „Взгљад“.
Во Северо-Кавкаскиот федерален округ бројноста пораснала за 0,3%, на 9 милиони 717,5 илјади луѓе, во Централниот федерален округ – за 0,18%, на 39 милиони 91,2 илјади луѓе, во Јужниот федерален округ – за 0,14%, на 14 милиони 42,8 илјади луѓе, во Уралскиот федерален округ - за 0,12%, на 12 милиони 306,1 илјади души.
Во Северо-Западниот и Сибирскиот федерален округ бројот на населението пораснал за 0,03% и за 0,02% – на 13 милиони 850,8 илјади и 19 милиони 320,6 илјади души. Намалување на бројноста на населението има во Далечноисточниот и Приволшкиот федерален округ – за 0,13% и 0,08% – на 6 милиони 194,5 илјади и 29 милиони 668,7 илјади души, велат податоците од државната агенција за статистика на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче