Во Грозни одржан митинг за поддршка на раководството на РФ и на републиката

Според информациите на МВР, во митингот учествувале над 800 илјади лица.

Во Грозни заврши митингот „Нашата сила е во единството“ за поддршка на раководството на Русија и на Чеченија, во кој, според различни извори, учествуваа од 800 илјади до 1 милион луѓе.

Митингот беше обезбедуван од над 5 илјади полицајци, пренесува ТАСС. Митингот беше организиран од Сојузот на синдикатите на Чеченија.

Претседателот на републичкиот парламент Магомед Даудов истакна дека на митингот се собрани претставници на различни етноси и вери, за да дадат „достоен одговор на непријателите на Русија“.

„Русија се покажа како силна држава која има сопствен поглед на она што се случува во светот. Тоа очигледно не им се допаѓа на оние кои не сакаат да ја видат нашата мултинационална држава силна и самостојна. Заедно ние сме сила, и ќе ја одбраните величината на нашата земја, чие главно богатство е нејзиниот мултинационален народ“, потенцираше Даудов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња