Русија во топ-50 најконкурентни земји

На рејтингот на конкурентност, презентиран на Светскиот економски форум во Давос, се најдоа 140 држави. Првите три места се за Швајцарија, Сингапур и САД, додека последното е за Гвинеја.

Минатата година Русија се најде на 45 место на најконкурентни земји, следува од материјалот објавен на сајтот на Светскиот економски форум. На рејтингот се најдоа вкупно 140 земји.

Рејтингот се прави според 12 показатели, меѓу кои се ефикасноста на пазарот на стоки, развојот на финансискиот пазар, културата на претприемништво, развојот на иновациите, макроекономските показатели и др.

Првите места ги заземаат Швајцарија, Сингапур, САД, Германија, Холандија, Јапонија, Хонгконг и Финска. На последните места се Мавританија, Чад и Гвинеја, пренесува РИА „Новости“. 

Претходно беше соопштено дека Русија го зазема 12 место на листата најиновативни економии на светот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња