Во 2016 година ќе бидат засилени формациите на руските сили во Западниот и Централниот воен округ како одговор на порастот на интензивноста на маневрите на НАТО, соопшти во петокот командантот на Копнените сили генерал-полковник Олег Саљуков.
„Во 2016 година ќе бидат формирани три дивизии во Западниот воен округ и една во Централниот“, прецизираше тој.
Команндантот истакна дека новите дивизии ќе бидат формирани врз база на постојните бригади.
„Формирањето на новите дивизии е една од мерките како одговор на зголемувањето на интензивноста на маневрите на НАТО-земјите забележано во последно време“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.