Министерството за одбрана на РФ ги негира соопштенијата на странските социјални мрежи дека ВВС Турција наводно собориле руски воен авион, изјави портпаролот на МО РФ Игор Конашенков.
„Овие соопштенија се апсолутен нонсенс. Сите наши авиони кои извршуваат задачи за уништување на објекти на терористичката инфраструктура во Сирија успешно се вратија во авиобазата“, рече Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
Тој објасни дека три дена по ред во рамките на организираната тура за претставници на медиумите на аеродромот „Хмејмим“ слободно работеле околу 50 новинари на водечки странски медиуми, затоа би било невозможно да се сокрие таков факт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче