Кери: Можна е реализација на „Минск-2“ и укинување на санкциите

Антируските санкции можат да бидат укинати под услов на целосна имплементација на „Минската спогодба“, а тоа е можно веќе во наредниве месеци, изјави Џон Кери на форумот во Давос.

Државниот секретар на САД Џон Кери смета дека во следниве месеци можно е да се реализира „Минската спогодба“ и да се дојде до моментот кога санкциите против РФ можат да бидат укинати, пренесува РИА Новости.

„На почетокот на оваа недела овде во Давос потпретседателот (на САД Бајден) и јас се сретнавме со украинскиот претседател Порошенко, за да помогнеме да се гарантира целосното исполнување на „Минската спогодба“.

И јас сум убеден дека благодарение на напорите и легитимните обиди за решавање на проблемот на двете страни, во следниве месеци можно е да се реализира „Минската спогодба“ и да се дојде до моментот кога санкциите може да бидат, во врска со целосната имплементација, укинати“, изјави Кери, говорејќи на сесијата во рамките на Светскиот економски форум во Давос.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња