„Кога ја донесувавме одлуката за отпишување на А-10 не постоеше ИД, не бевме во Ирак, сериозно си заминувавме од Авганистан и ја немаше Русија во подем“, изјави првиот заменик-началник на Штабот на американското Воено воздухопловство генерал Дејвид Голдфејн во интервју за „Дифенс Њуз“.
Американската воена команда ги ревидираше претходните планови за отпишување на јуришниот авион А-10 Thunderbolt поради заканите кои ги претставува „Исламската држава“ и поради „подемот на Русија“, изјави Голдфејн.
Јуришните авиони се покажаа одлично како авиони за поддршка на копнените операции во воздушната антитерористичка кампања во Сирија и Ирак, смета тој.
САД продолжуваат да распоредуваат А-10 на територијата на Европа. Така, во септември минатата година Пентагон најави нови 12 јуришни авиони и 300 војници за нивно одржување во Европа. Во текот на студената војна во Европа имаше до 140 авиони А-10.
Планот за отпишување на А-10 беше жестоко критикуван во Конгресот на САД, затоа што се смета дека повеќенаменските борбени авиони не се секогаш способни да го заменат оклопниот јуришен авион кој ги погодува целите од мала висина, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче