„Во разговорот со @VP (Твитер-профилот на потпретседателот на САД Џо Бајден) јасно е нагласено дека проектот „Северен тек-2“ е исклучително политички проект и ние мораме да работиме ефикасно за да го запреме“, пишува на официјалниот Твитер-профил на украинскиот претседател, пренесува „Взгљад“.
Претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер во понеделникот изјави дека испораките на руски гас од 1 до 16 јануари оваа година пораснале за 29,4% во споредба со истиот период минатата година. Побарувачката на руски гас во Европа е во постојан пораст и тоа ја потврдува важноста на проектот „Северен тек-2“, истакна Милер.
Рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукаев исто така во понеделникот изјави дека Европската унија „би си пукала во нога“ доколку би се откажала од гасоводот затоа што целта на овој проект е енергетска безбедност на Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче